За нас

МАРТИСПОРТ ДООЕЛ е една од најголемите компании што увезуваат спортско-риболовна опрема во Македонија.

Основана е во 2000 година и ја започна својата активност како увозник на Германската компанија DAIWA & Cormoran Gmbh. Во следните години, како резултат на напорна и професионална работа, компанијата се здоби со ексклузивни права за увоз и дистрибуција на DAIWA и голем број светски познати брендови кои произведуваат риболовна опрема и може да се видат во онлајн продавницата за риболовна опрема на компанијата.

 

Меѓу нив се:

Colmic , Italy - Еден од најпопуларните брендови во Италија квалитетна риболовна опрема .Ексклузивен и официјален застапник во Македонија од 2002 година;

BOSSFISH- БиХ компанија, производител на една од најдобрите економско поволни прихрани во Југоисточна Европа. Официјален застапник од 2008 година.

SASAME,Japan - Јапонски производител на јадици на кој не му треба  презентација, најквалитетна и најбарана јадица за риболов во светот, овластен дилер од 2010 година ;

TUBERTINI , Italy- Најпопуларниот број 1 Италијански бренд, со широк спектар на високо квалитетна риболовна опрема . Ексклузивен и овластен застапник за Македонија од 2020 година.

Искуството стекнато со текот на годините ни даде доверба да започнеме со производство на рибароловни макари(орши) , карбонски болонезе трски и додатоци за риболов под брендот MARTISPORT.

Досегашните мислења за овие производи на Македонските и странски социјални медиуми се во најголем дел 90% позитивни , што ни дава доверба да го зголемиме опсегот на нашиот бренд во иднина.

Главните цели врз кои нашата компанија го гради својот бизнис се производи и услуги со висок квалитет, постојани информации, разумни и пристапни цени. Во последниве години, побарувачката за риболовна опрема значително се зголеми, а во исто време ги зголеми барањата на луѓе за кои риболовот е хоби. Ние се стремиме да ги задоволиме сите „каприци“ на модерниот риболовец, нудејќи широк спектар на додатоци за риболовна опрема која ќе ги задоволи и и најпребирливите риболовци.

 

Со својата желба да обезбеди квалитетни производи, професионална услуга, совети за своите клиенти и внимание на секој детал, „МАРТИСПОРТ“ се етаблира како водечка компанија во риболовната индустрија во Македонија .

Со љубов ваши,

Тимот на Мартиспорт